Таравари: Нема да излеземе од Владата, коалицијата функционира

0
241

Министерот за здравство, Арбен Таравари повтори дека владината коалиција е стабилна, и дека немаат намера да излегуваат од Владата.

Засега не, и не планираме да излеземе од Владата засега. Коалицијата функционира, иако недоволно синхронизирано, но очекуваме тоа да се поправи“, дополни министерот.

Што се однесува до комуникацијата со опозициската ДУИ, кажа дека таа постои во Парламентот меѓу пратениците, оти сите пратеници без оглед од која партија доаѓаат комуницираат едни со други.