Обилните врнежи кои го зафатија Тетово повторно предизвикаа поплави на повеќе градски улици, создавајќи проблеми во одвивањето на сообраќајот и секојдневното функционирање на граѓаните.
Екипите на Р.Е. „Канализација“ излегоа на терен уште во текот на дождот и навремено интервенираа на критичните локации, со цел да спречат поголеми штети и да овозможат нормализирање на одводот. Од претпријатието информираат дека биле ангажирани сите расположливи ресурси за брзо расчистување на водата и заштита на инфраструктурата.
Од ЦУК апелираат на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура и посочуваат дека надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.









