Квотата за издавање германски работни дозволи врз основа на посебната, преференцијална Западнобалканска регулатива за 2025 година е исполнета.
Според процедурата усвоена во јуни 2024 година, германските работодавци бараат претходно одобрение од агенцијата за вработување, а потоа работниците од Западен Балкан со кои склучиле договор за работа ги добиваат потребните документи во конзуларните претставништва по забрзана постапка, заедно со тој договор и дозвола.
Во јуни 2024 година, годишниот контингент на такви работни дозволи беше зголемен на 50.000, пренесува Бета.
Германската агенција за вработување ги извести работодавците дека до почетокот на декември се доделени сите 50.000 работни дозволи и оти сите идни барања за оваа година ќе бидат одбиени









