Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи го коментираше случајот со притворување на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, кој е приведен поради „оддавање на службена тајна“.
Тошковски рече дека МВР неселективно ќе се бори против криминалците во министерството.
„Ова е еден од случаите каде МВР покажува дека неселективно се бори против криминалците во своите редови. Многу кривични пријави има против МВР. Одделот за внатрешна контрола во рамки на спроведуваење на истрагата известил Јавен обвинител, кој се согласил да бидат преземени дејствија истата вечер. Извршени се повеќе претреси кај полициски службеници и најдени се докази кон кривичното дело. Да им порачам на сите предавници на родот свој, дека неселективно и бескомрпомисно ќе се бориме против истите. Македонското граѓани заслужуваат полиција која ќе ги штити, а не ќе ги рекетира“, рече Тошковски.
„Сите во министерството за внатрешни работи се вознемирени кога гледаат дека некој криминалец се прикривал со униформа“, вели Тошковски.









