Тошковски разреши пет началници и по еден помошник-началник и командир во СВР Штип и Кочани

0
248

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека денеска во 15:30 часот, министерот ќе одржи прес-конференција

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска донесе одлуки за разрешување на шест началници во Секторите за внатрешни работи во Штип и Кочани, како и еден командир на полициската станица во Кочани, дознава „360 степени“.

Така, по несреќата во Кочани се разрешуваат:

Началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип
Помошник-началник на Секторот за внатрешни работи Штип
Началник на Одделение за полиција Штип
Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани
Командир на Полициската станица од општа надлежност Кочани
Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) најавија дека денеска во 15:30 часот, министерот ќе одржи прес-конференција.

Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 59, а повреднени се над 150 лица.

360степени