ТРАГЕДИЈА: ЛАВИНА ЗАТРУПА СКИЈАЧИ, ЕДНО ЛИЦЕ ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ

0
723

Дваесет и петгодишен маж загина во лавина на планината Пирин, во близина на скијачкиот центар Банско,.

Според првичните информации, лизгањето на огромна снежна маса било предизвикано од скијачи и сноубордери кои се спуштале од врвот Тодорка.

На терен биле испратени и кучиња специјално обучени да пребаруваат во услови на лавина.

Поради повисоките температури во изминатите денови, условите за скијање надвор од означените патеки е опасно и постои ризик од лавини, предупреди Бугарската планинарска асоцијација.