Трамп откри детали од разговорот со Си Џинпинг

0
80

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека за време на посетата на Пекинг разговарал за укинување на санкциите врз кинеските компании што купуваат иранска нафта и дека наскоро ќе донесе одлука, објави „Ројтерс“.

САД неодамна воведоа санкции врз неколку кинески рафинерии за нафта поради купување иранска нафта, меѓу кои и „Хенгли петрохемикал“ (Hengli Petrochemical), една од најголемите приватни рафинерии во земјата и симбол на напорите на Пекинг да ја модернизира и унапреди индустријата.

Разговаравме за тоа и ќе донесам одлука во следните неколку дена — им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“, кратко по заминувањето од Пекинг, по неговиот дводневен самит со претседателот Си Џинпинг.

Американските претставници, вклучително и Трамп, за време на самитот ја отворија можноста Кина да купува повеќе американски енергетски производи, иако во кинеските официјални извештаи од средбата не беше спомнат никаков договор.

Трамп рече дека неговото трпение со Иран е при крај и дека во разговорите со Си се согласиле дека на Техеран не смее да му биде дозволено да има нуклеарно оружје и дека мора повторно да го отвори Ормускиот Теснец.

Тој, исто така, рече дека за него е прифатливо Иран да ја суспендира својата нуклеарна програма на 20 години, но дека мора да има „вистинска“ обврска од Техеран.

— Дваесет години се доволни, но нивото на гаранција од нивна страна мора да биде вистински период од 20 години — рече Трамп.