Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

0
212

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, треба да ѝ се извини на пратеничката Дафина Стојановска оти ја навредувал откога таа објави видео од него со децата за да објасни како го користи службениот автомобил. Премиерот Мицкоски жали што Трендафилов не е навикнат на јавни критики.

Го видов тоа што го кажуваше господинот Трендафилов. Јас видов еден човек кој што беше, би рекол, премногу нервозен. Истури една салва навреди, но ние сме јавни личности, навикнати сме на тоа. Жал ми е што и други што пледираат да бидат јавни личности не се навикнати на јавна критика. Јас многупати сум рекол, секој оној кој пледира да биде јавна личност треба да биде свесен дека ќе биде подложен на јавна критика. Некогаш тоа е вистина, некогаш е невистина“, рече премиерот и нагласи дека во неговиот случај во најголема мера она што се кажува како јавна критика, на социјалните мрежи и во одредени медиуми, е невистина.

Премиерот Мицкоски рече дека е загрижен за нивото на култура