Уапсен Раде Трајковски – Штекли

0
449

Попладнево е уапсен Раде Трајковски – Штекли, потврдуваат од МВР за ТВ21.

Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода“, велат од МВР за ТВ21.

Тој се сомничи за трговија со дрога, односно предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.

Како што дознава ТВ21, одземен е и телефон од висок полициски службеник кој се сомничи за оддавање информации поврзани со клановите Барон, Беланоца, Грчец и Штекли.

Штекли стана познат во јавноста по неговото поврзување со убиството на фудбалерот Мартин Јанушев, но подоцна обвинение беше поднесено против Филип Секуловски – Кобра. Во 2011 година бил уапсен во Италија поради местење натпревари во калчо лигата, а во 2021 година бил уапсен во Белград.