Ужас во Прилеп: Напаѓач пукал во членови на семејство, убил и дете

0
617

Незапаметено злосторство синоќа го потресе Прилеп – тројца луѓе ги загубија животите во страотен инцидент со пукање, а меѓу жртвите е и едно дете.

Според засега неофицијалните информации кои ги објавија локалните медиуми, вооружен маж, кој наводно е вујко на една од жртвите, влегол во домот на семејството во населбата Точила и отворил оган. Во нападот се убиени двајца членови на семејството, а една од жртвите, исто така неофицијално, е дете.

Според информациите, ова се случило околу 15 часот вчера, а напаѓачот потоа ги држел во заложништво другите роднини. Дури доцна вечерта, околу полноќ, на местото била повикана полиција, која се соочила со тешко вооружениот напаѓач, кој наводно фрлил и бомба врз полицајците и пукал во нив.

По повеќечасовна драма, специјалните полициски единици го неутрализирале напаѓачот, а тој, според неофицијални информации, се самоубил пред да биде совладан.

На местото на инцидентот е извршен увид, а се очекува Министерството за внатрешни работи да излезе со официјално соопштение и детали за мотивите зад ужасното злосторство