УМИРА И ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО, ВОДАТА СЕ ПОВЛЕКУВА, ХИДРОСИСТЕМОТ НЕ РАБОТА

0
580

Водата постојано се повлекува, а никој не го слуша гласот на народот – се само дел од пораките кои жителите и посетителите на секојдневно ги објавуваат на социјалните мрежи, алармирајки дека водостојот на езерото е драстично намален, објави Канал 5. Во моментов во езерото стигнуваат само 20 до 30л вода во секунда, што е далеку под просекот, додека водата за сега е 1м под дозволеното ниво. Од 10те пумпи од хидросистемот кој го полни Дојранското езеро, во моментов работи само една, алармира и градоначалникот на општината Анго Ангов. Тој објаснува дека општината нема никакви ингеренции по ова прашање, а иако неколкупати било алармирано до надлежното министерство за животната средина и за време на поранешната и на актуелната влада Ангов вели дека се уште нема никаков конкретен одговор кога целосно би се реконструирал хидросистемот.

– Со тенденцијата со која што се движи ова езеро мислам дека можно е да дојде до нова еколошка катастрофа. Ние апелиравме многу пати до министерството уште во периодот пред изборите, со поранешната министерка Каја Шукова договор дека со ребалансот ќе бидат обезбедени околу милион евра за реконстукција на самиот систем. За жал во ребалансот не беа обезбедени средствата исто така и сега со овој ребаланс не се обезбедени средствата така да ситуацијата мислам дека ќе се влошува од ден на ден. Еве уште денеска ќе бидат пратени пак дописи еве и преку вас како медиуми јавно да ги повикаме затоа што ова е навистина загрижувачки.

Откако поради енергетската криза пред 4 години, со одлука на тогашната Влада пумпите во Дојранското езеро беа целосно исклучени, во октомври минатата година министерот за животна средина Изет Меџити пушти во употреба три, со најава дека останатите ќе бидат реконстуирани. Тој денеска прашан за состојбата со Дојранското езеро кажа дека министерството ќе преземе се што е потребно да се заштити Дојран, но без да прецизира што и кога. Детали најави во наредните денови.

-Работиме значи и во овој дел, така да наредните денови ќе ве известиме точно што конкретно. Имате ли информација зошто не работат? Овој проблем не е од денес се протега од неколку години бевме во Дојран има проблеми со пумпите и ќе преземеме се што е потребно за да се заштити Дојран,- Изет Меџити – министер за животна средина .

Сличен одговор Меџити имаше и за Преспаското езеро, кое според податоците секоја година во просек губи по околу 18 сантиметри од водостојот. Калта и трските ги проголтаа плажите во некогаш една од најпознатите туристички атракции во Македонија, а судбината на ова езеро и по многубројните најави за негов спас и натаму е неизвесна.

Извор Канал 5