УНИЦЕФ: 200 деца загинаа низ целиот Блиски Исток од нападот на САД и Израел во саботата

0
136

Приближно 200 деца загинаа низ целиот Блиски Исток од сабота, од првиот напад на САД и Израел врз Иран, соопшти UNICEF.

Според нивните податоци, најмалку 181 дете загинало во Иран, седум во Либан, три во Израел и едно во Кувајт.

-Децата не започнуваат војни, но тие плаќаат неприфатливо висока цена. Воената ескалација низ целиот Блиски Исток веќе има разорен ефект врз децата, порача UNICEF.