Уставниот суд го поништи Законот за солидарен данок, државата треба да врати 50 милиони евра на 156 компании

0
458

Државата од буџетот ќе мора да врати 49,2 милиони евра на 156 компании, реши Уставниот суд со денешното поништување на Законот за данок на солидарност. Според претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, била донесена одлука за поништување, а не за укинување за да се обезбеди владеење на правото и враќање во состојба на уставност.

Значи тежината на повредата и интензитетот на уставната повреда. Значи, вакво ретроактивно дејство на закон е апсолутно недозволиво. Значи правната сигурност на правните субјекти во правото. Тие мора да имаат фундаментални принципи на владеењето на правото, се правната предвидливост и правната сигурност“, вели Дарко Костадиновски.

Според Костадиновски, ако се укинел Законот, компаниите нема да ги добијат парите назад, а единствено што ќе се спречело е во иднина Собранието да не може да носи ист ваков закон. Фирмите имаат рок од пет години по објавувањето на одлуката во Службен весник да може да ги побараат парите. Постојат и можности преку судски спорови да се барата и камати на овие пари.