(ФОТО) Над 40.000 парчиња петарди и огномети запленети на „Блаце“ – гостиварец ги набавил во Приштина

0
284

Од Царинската управа денеска информираа дека во акција на мобилен царински тим, запленети биле 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните.

Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена била кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.

Делото било откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички.

 

При претресот, царинските инспекторите од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства.