(Фото) Се редат скандалите – навивачите ги плукаат и ги гаѓаат со предмети српските фудбалери во Тирана

0
1103

Не поминаа ни 10 минути од фудбалскиот натпревар Албанија – Србија во Тирана во рамките на квалификациите за Светското првенство 2026, а веќе видовме скандал оркестриран од домашните навивачи.

Имено, во моментот кога српскиот фудбалер Саша Лукиќ се спремаше да изведе корнер од аголот на теренот, албанските навивачи го гаѓаа со разни предмети.

Еден од предметите го погоди српскиот фудбалер, поради што тој се пожали кај судијата Давиде Маса од Италија.

Потоа натпреварот беше накратко прекинат, а Италијанецот разговараше со капитенот на Албанија, а преку звучникот била пуштена порака дека повеќе не треба да се фрлаат предмети на теренот.

Давиде Маса исто така отиде кај Лукиќ, а потоа натпреварот продолжи по околу две минути пауза.

Европската фудбалска куќа (УЕФА) сигурно ќе има полни раце работа после направениот извештај за натпреварот во Тирана.

Непосредно пред почетокот на мечот и еден од српските голмани кој тренираше покрај теренот, беше плукнат од трибините на стадионот „Ер Албанија“

Фото