Функционери на ДУИ веќе се присутни пред Уставниот суд

0
330
ФОТО- СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Пред почетокот на седницата на Уставниот суд закажана за 9:30 часот на која ќе се расправа за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците, функционери на ДУИ веќе се присутни во шаторите поставени пред зградата на судот

Меѓу присутните се Бујар Османи, генералниот секретар на ДУИ, Фатон Амети и Арбер Адеми. Според најавите додека судиите одлучуваат, пред зградата на Уставен се слуша музика, а предвидени се обраќања и говори на функционери на ДУИ. Не се исклучува можноста да се обрати и лидерот на интегративците, Али Ахмети.

Пред и околу судот е забележително зголемено полициско присутво, а мостовите на реката Вардар се затворени и се препуштаат само оние кои работат во близина на Уставниот суд. Исто така, полиција има и пред Собранието и Владата.

ИЗВОР СЛОБОДЕН ПЕЧАТ