ХАОС НА ПАТИШТАТА ВО МАКЕДОНИЈА; Камиони заглавени на Стража, сообраќајка кај Буково, превртен автомобил кај Маврово

0
364

На речиси сите планински превои во западниот и југозападниот дел од Македонија има забрана за тешки товарни возила.

Од 19. 45ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец К.Паланка – гр.премин Деве Баир.

На превојот Стража два камиона се заглавија во снегот и го блокираа сообраќајот, што доведе до значителен застој.. Порталот Плусинфо јави дека на патот Маврово-Дебар се превртел автомобил, откако возилото се излизгало поради мразот на патот. Поради сообраќајна незгода сообраќјот на патот Ресен-Охрид преку превојот Буково се одвива по една коловозна лента..

Од ЈП Македонија пат информираат дека нивните дежурните екипи постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, но апелираат на внимателно возење.. Сите подетални информации може да се добијат на нивниот дежурен телефон 02 25 61 502.