Глобалниот ценовен шок предизвикан од војната во Иран денеска предизвика невообичаено голем проток на возила на граничниот премин „Ќафасан“. Според информациите и снимките кои ги објави „Еуроњуз Албанија“, илјадници граѓани од соседна Албанија чекаат во долги редици за да влезат во Македонија, со цел да купат нафта и основни прехранбени производи по значително пониски цени од оние во нивната земја.
Извештаите од терен говорат дека на граѓаните им биле потребни и над два часа за да ја поминат границата. Слична слика на масовен премин заради поевтини производи е забележана и на албанско-грчката граница кај Какавија.









