Хајредини советникот на Давкова до Мицковски: Пред да се фали да одговори зошто Чебрен и Галиште не беа изградени кога тој беше директор на ЕВН

0
245

Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, како познавач на економските состојби во државата, постави прашање до премиерот Христијан Мицкоски за изградбата на хидроцентралите во земјава.

Премиерот, пред да се фали дека во иднина ќе се изградат, добро е да одговори зошто хидроцентралите Чебрен и Галиште, како и гасификацијата на ТЕ НЕГОТИНО, не се изградени уште во време кога беа планирани со проширената и надградена “ПРЕРОДБА, ВО СТО ЧЕКОРИ”, а кога токму тој беше директор на Електростопанство на Македонија?

Да беа изградени тогаш, сега со заемот на Велика Британија ќе се градеа други објекти“, напиша тој.