Бугарските власти истражуваат убиство на шест луѓе поврзани со еколошка невладина организација, а полицијата соопшти дека истражува неколку верзии за настаните, вклучувајќи ја и можноста убиствата да биле поврзани со култ, пишува „Дневник.бг“.
Минатата недела полицијата пријави убиство на тројца луѓе на возраст од 45 до 51 година, во викендичка во сопственост на невладина организација, која се наоѓа во близина на превојот Петрохан, на северозападот од земјата. Убиените – угледен адвокат со меѓународно искуство, сопственик на книговодствена фирма и инструктор по нуркање, биле пронајдени со прострелни рани.









