Хорор во Грција: Влегол во камп за туристи и ѕверски убивал

0
512

Двојно убиство се случи синоќа на рецепцијата на кампот во Финикунда, во областа Месина во соседна Грција

Жртвите се 70-годишен сопственик на кампот и маж на возраст меѓу 50 и 55 години. Полицијата трага по млад осомничен, за кој, според првичните информации, се сомнева дека е малолетник.

Според досегашните информации, осомничениот влегол на рецепцијата околу 20:30 часот и прашал дали имаат слободна соба за изнајмување. Кога неговото барање било одбиено, тој извадил оружје – најверојатно пушка – и ги застрелал сопственикот и еден вработен. Двајцата биле пронајдени мртви, облеани во крв на местото на настанот, по што напаѓачот избегал.