Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра за трговците кои нема да ги почитуваат новите мерки

0
720

Хрватскиот Сабор денеска го донесе Законот за вонредни мерки за контрола на цените, кој со објавување на цените на интернет треба да го заштити стандардот на граѓаните од инфлација и да обезбеди брза реакција на нарушувањата на пазарот.

Согласно овој закон, трговците ќе имаат обврска редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на интернет страниците и на клиентите да им овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои нудат можност за споредување на цените во реално време.

Секој продавач ќе мора, заедно со моменталната малопродажна цена, јасно да ја наведе претходната малопродажна цена на производот од одреден период или одреден ден. Ова ќе овозможи полесно следење на промените на цените и транспарентно информирање на потрошувачите.