ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО СТРУГА, УТВРДЕНА ЕКСТРЕМНА ЗАГАДЕНОСТ

0
140

По информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни потреби на подрачјето на Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.

Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење“, информираа од Обвинителството.

При увидот, дополнуваат оттаму, треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје