Вака беше состојбата кај „Рекорд“ во Скопје.
Граѓаните се жалат дека денеска и во текот на неделата имало доцнења на градските автобуси. Стравуваат дека во наредните денови може да има прекин на јавниот превоз поради информациите што ги слушнале, дека компанијата Пуцко Петрол ќе го прекине снабдувањето со нафта.
Од Независниот синдикат на возачите велат дека проблемот трае повеќе од три години, бараат ЈСП и Град Скопје да преземат мерки за да не страдаат граѓаните и вработените.
Па еве денес состојбата не е ни идеална, синоќа се снабдивме со нафта по 17 часот, значи околу 18 тони нафта, денес има возила во сообраќај, не се 100%, но околу 120–130 возила се низ градот. За денес знам дека има сообраќај, ама за утре… не можам ништо да кажам. Не е само денес овој проблем туку три и пол години, нека преземат нешто и нека делуваат“, порача Африм Муца.
Сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски, вели дека ЈСП им должи 10 милиони евра и две години не ги платил фактурите, но сепак вети дека нема да ги остави граѓаните без јавен превоз.









