Јаневска до родителите: Бидете мирни ама, трајно вработување на образовни асистенти не е можно!

0
316

Не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти. Ова го вели министерката за образование Весна Јаневска, во интервју за Радио слободна европа. Причината е што потребите за образовни асистенти секоја година се менуваат. Ако се зголемат потребите, тие го зголемуваат бројот на асистенти

Образовните асистенти не се трајно вработени. Причината е што потребите за образовни асистенти секоја година се менуваат. Ако се зголемат потребите, ние го зголемуваме бројот на асистенти. Но факт е дека, комисијата за функционална проценка оценува кое дете има потреба. А кога детето ќе постигне напредок, комисијата ќе оцени дека веќе нема потреба од асистент, што и е основната цел, на образованието но и во животот за детето кое има посебни образовни потреби да биде самостојно“, порача Весна Јаневска.

Министерката додава дека минатата власт завршила со 300 асистенти помалку од оваа година. Тогаш биле ангажирани околу 1000 асистенти, а сега се ангажирани 1876 за основно образование.