Утрово известување од ЦУК, се уште гори паркот Јасен.
На ден 11.08.2025 година, до 07:00 часот, на територијата на Р.С. Македонија има вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни 1 пожар, под контрола 1, и изгаснати 18 пожари.
АКТИВНИ: 1
1. Општина Мак. Брод: Национален Парк Јасен (мешана шума)
ПОД КОНТРОЛА: 1
2. Општина Ресен: с. Долно Дупени (дабова шума и ниска вегетација)
ИЗГАСНАТИ: 18
1. Општина Струга 1: помеѓу с. Биџево и Ливада (стрниште)
2. Општина Струга 2: с. Белица (ниска вегетација)
3. Општина Гостивар: с. Балиндол (ниска вегетација и ѓубриште)
4. Општина Гевгелија: покрај патот Гевгелија-Богданци (ниска вегетација)
5. Општина Св. Николе: с. Ерџелија (ѓубре со слама)
6. Општина Крушево: во атарот на с. Бучин (депонија)
7. Општина Куманово 1: с. Рамановце (ниска вегетација и стрниште)
8. Општина Куманово 2: с. Речица (ниска вегетација)
9. Општина Ранковце: с. Ранковце (ниска вегетација и ситна шума)
10. Општина Врапчиште: с. Градец (ниска вегетација)
11. Општина Штип: во близина на населбата Сончев Град (нискостеблеста борова шума)
12. Општина Прилеп 1: м.в. Поводеници – Прилеп (ниска вегетација)
13. Општина Прилеп 2: кај Старите гробишта – Прилеп (ниска вегетација)
14. Општина Сарај: помеѓу с. Копаница и Рашче (стрниште и ѓубре)
15. Општина Бутел: на патот за Љуботен (ниска вегетација и ѓубре)
16. Општина Гази Баба: во кругот на Железара (ниска вегетација)
17. Општина Желино: с. Церово (нискостеблеста шума)
18. Општина Боговиње: с. Синичане (ниска вегетација)









