Над 3.500 домаќинства од ранливи категории една година ќе добиваат по 1.000 денари субвенција на сметките за електрична енергија. Министерството за енергетика го објави огласот кој ќе трае до почетокот на септември. Планирано е да се потрошат 42,3 милиони денари. А право на поддршка имаат
домаќинства со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост
со најтешка телесна попреченост
потполно слепо лице и глуво лице
корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години
Критериум е месечните примања во минатата година да не им биле повисоки од:
24.500 денари за едночлено домаќинство,
42.000 денари за домаќинство со два члена,
60.000 денари за домаќинство со три члена и
80.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена, не сметајќи го посебниот надоместок согласно Законот за социјалната заштита
Лицата треба да се пријават 30 дена од објавувањето на огласот. Да поднесат пополнет образец кој го има на веб-страницата на Министерството.









