Ќе се слуша гласот на родителите: Судењето за трагедијата во Кочани влегува во клучна фаза

0
291

Денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово ќе се одржи ново рочиште во судскиот случај за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

По воведните излагања на овбинетите и нивната одбрана, денеска пред судот ќе започнат сведочењата на оштетените.

Оваа фаза од постапката е критична бидејќи треба да се дефинираат не само материјалните отштети, туку и да се соочат фактите на обвинителството со одбраната на обвинетите

Претходно, сите обвинети 34 физички и три правни лица се изјаснија за невини во однос на делата што им се стваат на товар.

Во пожарот што се случи на 16 март оваа година во дискотеката „Пулс“ во Кочани настрадаа 63 лица, а над 200 се повредени.

Родителите и семејствата на загинатите со месеци секоја сабота организираат „Марш за ангелите“ барајќи правда и одговорност за трагедијата,