Започнаа да се згрижуваат кучињата скитници во Тетово, дел од нив ќе се еутанизираат.

0
308

 

После деценискиот проблем со кучињата скитници конечно Општина Тетово отвори стационар за згрижување на овие бездомни животни.
Стационарот е лоциран во близина на железничката станица во Тетово, покрај локалниот пат кој води кон село Џепчишта. Кучињата ќе се заловуваат со специјално возило, а потоа ќе бидат однесени во стационарот, каде ќе се утврдува дали да се третираат понатаму или пак ќе се еутанизираат.

-Ние кога ќе ги заловиме кучињата ќе ги однесеме во стацинарот таму ќе бидат надгледувани 24 часа. Ќе им земеме крв ако се утврди дека некое куче има Лајшманиоза или некоја друга неизлечлива болест, тогаш тоа се еутанизира, а другите после 24 часа се носат во ветеринарна амбуланта. Тие се третираат медицински, се кастрираат стерилизираат и слично. Кучињата ќр се чипираат и потоа се враќаат назад во стационар, таму престојуваат околу една недела потоа и се пуштаат на местото каде претходно били заловени, вели докторот по ветеринарна медицина Рами Селмани

Од Општина Тетово, велат дека целата постапка за заловување на кучињата се одвива во рамки на законот и за оваа активнот се избрани фирми на тендер.

-Решавањето на проблемот со кучињата скитници во регионот на општината се приведува кон крај.Ова беше навистина голем проблем имајќи го предвид фактот на голмиот број на кучиња скитници но за среќа немаше последици кои можеа да влијаат на здравјето на нашите граѓани.Направена и јавна набавка за фирмата којан беше ангажирана за изработка на кафезите по што беа направени 20 кафези за третман на кучиња скитници со локација на локалниот пат кон селото Џепчиште, а во овие кафези ќе бидат третирани околу 240 кучиња годишно.

За целата оваа работа, се издвоени средства во вредност од 500 илјади денари, што не се доволни , а за да продолжи успешната имплементација на програмата се надеваме дека за идната година ќе бидат обезбедени повисоки средства, рекоа од Општина Тетово.

Низ Тетово може да се забележи на секој чекор кучиња скитници. Дел од нив се агресивни затоа што се често напаѓани од граѓаните дури и во неколку наврати имаше регистрирано о труења на овие бездомни животни