За еден ден Америка ја погодија 52 торнада

0
199

 

Американската Национална администрација за океан и атмосфера (НОАА) соопшти денеска дека прелиминарниот извештај за бури покажува дека 52 торнада биле регистрирани во понеделникот во осум држави во САД.

Во извештајот се констатира дека „брановите тешко време“ го зафатиле централниот дел на земјата, при што 14 торнада имало во Индијана, 10 во Колорадо, девет во Охајо, шест во Ајова, пет во Небраска, четири во Илионис, три во Минесота и еден во Ајдахо./миа.мк