На мобилните Хуавеј нема да може да се инсталира Фејсбук

0
252

На мобилните Хуавеј нема да може да се инсталира Фејсбук. Ова го потврдија од компанијата Фејсбук истакнувајќи дека нивната апликација нема да ја преинсталираат на новите апарати на Хуавеј.

Кинеската компанија Хуавеј е под американски санкции , воведени поради безбедносна сигурност и тоа среде трговската војна меѓу Пекинг и Вашингтон.

Досегашните сопственици на апаратите на Хуавеј и натаму ќе можат без проблеми да ги користат апликациите на Фејсбук и на другите социјални мрежи.

Од Фејсбук додаваат дека нивните правници ги проучуваат службените документи на американските власти и донесува мерки за да се усогласи со нив.

Американската администрација забрани размена на каква било технологија меѓу американските и кинеските компании , што предизвика домино ефект на целиот сектор.