Нова опозициска парламентарна група на повидок

0
78

Весел Мемеди од Алијанса за Албанците официјално поднесе оставка од потпретседателската функција и од пратеничкиот мандат

Пратеникот на НДП, Весел Мемеди и официјано ја поднесе оставката до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во писмото Мемеди истовременo се откажува и од потпретседателската функција и од пратеничкиот мандат. Со овој чекор Весел Мемеди создава терен за реконфигурација на парламентарниот состав, односно го отвара патот за формирање на нова парламентарна група на опозициските партии Алијансата на Албанците и БЕСА.

Мемеди беше избран предвремените парламентарни избори во 2016 како кандидат на заедничката листа на коалицијата на Алијансата на Албанците, а следните кандидати на таа листа се пратениците на партијата на Зијадин Села. Трета на листа е поранешната заменик министерка за надворешни работи Арта Точи, но треба да се чека дали таа ќе го преземе мандатот или партијата ќе се одлучи за некој друг кандидат.

Во оваа ситуација Алијанса за Албанците во Собранието, пак, ќе има 3 пратеници, а ако се продолжи соработката која беше на последните локални и претседателски избори со БЕСА на Билал Касами, кои имаат два пратеника, тогаш овие две партии ќе имат 5 пратеници.

Ваквата сосотјб ќе остави доволно простор за формирање на пратеничка група. Од партијата на Села не сакаат да откријат за следните чекори, бидејќи за тоа, како што велат, прво треба да заседаваат партиските органи.