Во Сирија со тортура убиени над 14 илјади цивили

0
159

 

ИДЛИБ (АА) – Сириската мрежа за човекови права (SNHR) соопшти дека од март 2011 година, режимот на Башар ал Асад со тортура убил над 14 илјади цивили, пренесува Anadolu Agency (AA). 

Сириската мрежа за човекови права објави извештај по повод 26 јуни – Меѓународниот ден на солидарност со жртвите од тортура, според кој со тортура се убиени вкупно 14.227 цивили, од кои 177 се деца, а 62 жени.

Според извештајот, од почетокот на народното востание во Сиријаво 2011 година, од вкупно 14.227 убиени цивили со тортура, најголем дел убиства се извршени од страна на режимот на Асад, и тоа 14.070 цивили, меѓу кои 173 се деца, а 45 жени.

Терористичката организација ЈПГ/ПКК пак е одговорна за смртта на 43 цивили преку тортура, меѓу кои и на едно дете и две жени.

Терористичката организација ДЕАШ со тортура уби 32 цивили, од кои едно дете, 14 жени. Неидентификувани страни на овој начин убија 15 цивили.

Во извештајот се нагласува дека овие бројки се состојат само од оние убиени лица што можеле да се идентификуваат и дека вистинскиот биланс на состојбата е многу поголем.

Покрај тортурата од страна на режимот, во затворите, лошите услови во самиците, наздравата и недоволната храна и недоволното спиење предизвикале психолошки нарушувања кај затворениците.

Сириската мрежа за човекови права, во својот извештај од 30 април, објави дека од мај 2018 година, режимот на Асад ги информирал одделенијата за население дека од стотици илјади притворени лица, чија судбина е сѐ уште непозната, 890 лица починале по затворите.

Извори од опозицијата велат дека најмалку 500.000 луѓе се наоѓаат во затворите и центрите за испрашување на режимот.