Заев: Усеини ќе одговара, макар и изгубиле во Охрид

0
249

Премиерот Зоран Заев истакна дека охридскиот советникот Нефи Усеини ќе одговара доколку извршил физички напад, па и по цена да го изгуби мнозинството во Охрид

Ако направил физички напад, ќе одговара, не судам во делот на вината, истрагите ќе си покажат. Предрасуди нема спрема никој. Има општини каде СДСМ нема контрола врз мнозинството во Советите, па тие функционираат нормално. Немаме резерви дали ќе изгубиме мнозинство или не, се работи за закон. Без разлика на последиците. Ова прашање не треба да се политизира. Се работи за почитување на законот. Тие што се претавници на полтиичките партии, тогаш треба да бидат пример за другите“, рече Заев.