Имотот на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе биде во државна сопственост.

Имотот на бизнисменот Сеад Кочан набрзо ќе биде во државна сопственост. Со правосилната одлука за случајот Труст, Агенцијата за управување со одземен имот формирала комисија која веќе работи на документацијата со која го презема имотот кој е на негово име. Недвижнините и возилата на компанијата Трансмет тежат околу 14 милиони евра, а дел од нив се под залог.

Имотот на Кочан е меѓу првите за конфискација од предметите на Специјалното јавно обвинителство. Освен од правосилни одлуки, Агенцијата управува и со запленета стока од Царинската управа. Дел од таа стока, во која има бела техника и кујнски апарати, денеска ја донираа на државни институции и општини.

Директорот Асани се пожали за пренатрупаноста од конфискувани возила. Вели дека имаат неколку илјади кои чекаат на судски разврски и без правосилни одлуки не можат да ги донираат на институциите кои имаат потреба од нив.

Извор Канал5