Невремето корнеше дрвја и кровови на куќи во Преспа

0

Силното невреме кое ја зафати територијата на речиси целата држава, предизвика значителни материјални штети. Невремето во Преспа корнело дрвја и кровови на куќи, а соборени се и повеќе од 60 бандери. Некои села имаат блокирани патишта од паднати дрва. Екипи на Противпожарна служба и Македонија пат се излезени на терен.

Градоначалникот на Преспа изјави дека нема пријавени жртви и повредени. но направена е голема матерјлна штета.

Допрва ќе се утврдуваат штетите по земјоделските култури. Локалното население вели дека не паметат вакво невреме во регионот на Долна Преспа.

Интензивниот дожд ги спушти температурите низ целата држава за десетина степени, па така во Скопје вечерва се очекува температурата да биде 13 степени.

Video Player

00:00
00:13

 

Деветнаесет литри дожд на квадратен метар наврнаа до 17 часот во Крива Паланка, 14 во Виница, 12 во Берово, шест во Маврово, пет кај Зајчев рид во Скопје и во Лазарополе, четири во Ѓуриште, информира попладнево Управата за хидрометеоролошки работи.

Во вечерните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи и силен ветер.

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 14 степени, а дневната до  27 степени.

Од утре до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер. Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, информираа од УХМР.