Организирана традиционалната манифестација Мавровско – Реканска пита.

0
229

Во рамките на манифестацијата ,,Летен културен бран 2019“, што го организира Општина Маврово и Ростуше , во Ростуше се одржа и изборот на најдобрата Мавровско – Реканска пита.

Учество зедоа над 90-тина учеснички од оваа општина, жири комисијата за најдобра пита ја избра питата што ја подготви Елмира Бардул од Скудриње.
Манифестацијата ја отвори Градоначалникот Медат Куртовски, кој нагласи дека оваа активност има за цел промовирање на одличното приготвување на храна особено реканските пити кои ги приготвуваат домаќинките од овој крај, како и развивање на туризмот во Нашата Општина, истакнаа од општина Маврово Ростуште

Во рамкиите на оваа активност голем број на туристи од земјава и странство ги посетија водопадите кај Дуф, додека зурлите и тапаните на познатите мајовци од Дебар дадоа посебен шмек на оваа манифестација.

Оваа манифестација со голем интерес ја проследија и голем број на печалбари од реканскиот регион кои работаат во Италија, Германија, Швајцарија и други земји на ЕУ, а кои моментално се на одмор во родниот крај.