Антикорупциска: Кривична за градоначалникот на Сарај за дивите платформи на Матка

0
180

Градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети, кривично да се гони поради непостапување по предметите за барањата за легализација на дивите платформи во кањонот Матка. Ова е препораката на Државната комисија за спречување корупција до Основното јавно обвинителство, откако во март годинава отвори предмет по овој случај бидејќи другите институции се прогласиле за ненадлежни.

Претседателката на Комисијата Билјана Ивановска појасни дека дивите платформи се времени објекти кои не подлежат под законот за легализација. И покрај ова, градоначалникот Беџети не ги одбил барањата, туку ги оставил во фиока.

За двете спорни платформи на Матка не била побарана никаква дозвола од било која институција иако се работи за заштитено подрачје.

Платформите на Матка
ФОТО: SDK.MK