Сител дознава – Владата и синдикатот согласни минималната плата да се зголеми на 14.000 денари

0
77

До крајот на октомври се очекува да се знае колку ќе изнесува  минималната плата.

Сител дознава дека Владата и Синдикатот  притискаат да изнесува 14 илјади денари, работодавачите се против.

Финансискиот товар би бил превисок за нив и дел  ќе морале да стават клуч на врата, посебно во трудо интензивните дејности, каде работат 130 илјади работници.

Власта ги убедувала дека со мерката за повисоки плати, ќе им ги плати придонесите, освен персоналецот, па на тој начин зголемувањето на платите ќе биде оправдано.