И покрај обидот со предвремени избори да ја избегне одговорноста и целата вина да ја насочи кон Европа, истрагта за случајот „Рекет“ ќе биде последниот удар за иднината на македонскиот премиер Зоран Заев, пишува италијанскиот весник Ла верита.
„Искри помеѓу Париз и Берлин поради Скопје. Канцеларката пробува да го спаси Заев“ е насловот на новиот текст на Ларис Гајзер, според кој блокирајќи го отворањето на преговорите на Македонија со ЕУ за време на последниот европски Совет, Макрон ги поткопа плановите за Балканот на Меркел.
-Македонскиот премиер Зоран Заев, по телефонскиот разговор со Канцеларката Меркел и други лидери, одлучи да не се чувствува виновен за настанатата ситуација.На денешната средба кај Претседателот Стево Пендаровски ќе понуди предвремени избори, со модалитет да му се овозможи да не поднесе оставка и да маневрира во преговорите, исклучувајќи ја опозицијата. Но, веќе ниту еден главен град не смета на Заев. Последниот удар за иднината на премиерот би требало да дојде од истрагата, следена од нас уште од почетокот, којашто пред неколку недели ја прати во куќен притвор потпретседателката на Собранието, соц-демократката Фросина Ременски, близок соработник на Заев, пишува Гајзер.
Според Ла Верита, весникот што прв ги објави видео снимките од случајот „Рекет“, обидот на луѓето од политичко-судскиот врв истрагата, во политичкиот дел, да заврши со обвинение само против Фросина Ременски, која како пратеничка на СДСМ беше и почесна претседателка на хуманитарната организација Меѓународен сојуз, нема да успее. Токму преку оваа невладина организација на Боки 13 поминуваа парите од многубројните активности за изнуда, пишува Ла верита, .
„Во ноември 2018 година Силјан Мицевски, човекот што се занимава со градежништво, на една стара госпоѓа, Лилјана Тодоровска ѝ платил 750 илјади евра за една брилијантна идеја за изградба на пензионерски домови. Госпоѓата кога ги примила парите на сметка, во банката била придружувана од двајца претставници на Меѓународниот сојуз, кои ја земале целата сума и потоа исчезнале со парите. Во овој случај, официјално под истрага се таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ, потпретседателката на Меѓународен сојуз.
Од денешен агол, притворањето на Ременски делува како битна амортизација со која Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност, пишува весникот. „За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање, сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето пд 750.000 евра извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, пишува италијанскиот весник.
Според информациите на Гајзер, а и од сведочењето на обвинителот Наум Пановски пред републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи ѝ да ги одблокира парите.
„За време на истрагата од страна на Верита, во последните месеци добивме потврда за фактот дека управата за финансиско разузнавање – УФР, врз база на сомнеж за незаконски дејанија, го замрзнала плаќањето на 750.000€ извршено во корист на Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно ја известила обвинителката за организиран криминал Вилма Рускоска, која можела да ја искористи својата моќ да определи притвор на неопределено време, односно да почне истрага. Сепак, според информациите што ги имавме, а потоа и со сведочењето на обвинителот Наум Пановски, пред републичкиот јавен обвинител Јовески, следниот ден Заев лично ја побарал Русковска наредувајќи и да ги одблокира парите. Русковска, не случајно фаворит на Заев за замена на Катица Јанева – специјалната обвинителка која во моментов е во затвор поради нашите откритија, му наредила на обвинителот задолжен за случајот, да ги следи директивите дадени од Заев.
Потоа, ниту една дополнителна истражна активност не била сметана за потребна и парите 750.000€ биле префрлени на сметката на примателот во следните 48 часа.
Ваквите сведочења ја потврдуваат директната поврзаност помеѓу премиерот Заеви рекетот извршуван од Боки13, но најмногу, ја потврдуваат личната блискост помеѓу двајцата, којашто е докажана исто така преку фотографии на Боки13. Со оглед на откирените факти од Ла Верита во август, обвинителот Пановски, во борба со сопствената совест, преферираше да ги раскаже фактите коишто ги знае на државниот обвинител. Републичкото обвинителство, на кое му беше побарано од страна на Верита да ги искоментира вестите кои ги поседуваме, остана во тотален молк. По упатувањето на нашите прашања, сеуште не сме добиле никаков одговор, пишува новинарот на италијанскиот весник Гајзер.