Новиот градоначалник на Солун: Не ми доаѓа лесно да кажам Северна Македонија

0
44
Не ми доаѓа лесно да кажам Северна Македонија, вели новиот градоначалник на Солун, Константинос Зервас, говорејќи за грчкиот весник „Катимерини“, во однос на тоа кое име го користи за соседната земја и додава дека ја нарекува Скопје или ФИРОМ, jави дописничката на МИА од Атина.

Солунскиот градоначалник вели дека Договорот од Преспа е лош договор и е со комплетно различна позиција во споредба со неговиот претходник Јанис Бутарис за т.н. дипломатија на градовите.