Разбиен е огромен ланец на педофили: Се апсат монструми од 38 земји, а еве како изгледала нивната веб страна

0
42

Во полициска акција во која учествувале истражители од 38 земји ширум светот, разбиен е педофилски ланец – злосторниците направиле веб страна на “Dark Web” каде што за поставување на детска порнографија биле плаќани во биткоини.

На компјутерски сервер во Јужна Кореја се откриени дури 250 илјади стравични видео снимки кои на корисниците на тој ланец им биле достапни на веб страницата наречена “Welcome To Video”.

Таму снимките им биле продавани на педофили од целиот свет, а според досегашните информации, на интернет страницата биле забележани над милион симнувања. На едноставниот интерфејс на оваа веб страница стои „предупредување“ за корисниците да не поставуваат порнографски снимки на кои лицата се постари од 15 години. Секој корисник кој поставувал такви снимки добивал „наградни бодови“, а биле исплаќани во биткоини.

Оваа веб страница ја открила британската “National Crime Agency” во текот на истрагата на еден од најозлогласените педофили на Островот – Метју Фолдер, инаку угледен научник од Кембриџ кој за дури 137 злосторства поврзани со злоставување на деца, отслужува затворска казна од 25 години.