„Ремедика“ и „Диамед“ фатени како фрлаат медицински отпад во контејнери за ѓубре

0
137

Комуналните редари на Град Скопје при вршење на своите надлежности, открија незаконско одложување на медициски отпад од страна на „РЕ-МЕДИКА“ и „ПЗУ ДИАМЕД“ кои отпадот го одложуваат во контејнери кои се наменети за отпад од домаќинствата.

За наведениот прекршок на лице место излезе и овластен инспектор за животна средина на Град Скопје, кој составил Записник со констатација за сторен прекршок, зема изјави и направил фотодокументација и го предаде предметот на понатамошна надлежност на Државниот инспекторат за животна средина заради изрекување казна на сторителите на прекршокот,соопштија од Инспекторатот на град Скопје.