СВЕТСКИ ДЕН НА СИРОМАШТИЈАТА: КАКО СЕ ЖИВЕЕ ВО ДЕПОНИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

0
69

Велат сиромашните деца создаваат сиромашни генерации. Дел од најранливите можеби ќе најдат место во новите живеалишта, но голем дел од нив, заедно со нивните семејства, ќе треба да почекаат подобри времиња. До тогаш, ќе живеат како и досега, од ден за ден.

„Тука живееме четири фамилии со се деца…. Шетаме по канти пластика продаваме, со труд живееме, тоа е друго немаме.“

Среде центарот на скопската метропола, пред очите на јавноста мизеруваат тажни семејства. Под ведро небо и лето и зима, живеат како на вересија.