Во домот на корумпиран политичар од Кина пронајдени 13.5 тони злато

0
130

Полицијата започна истрага против поранешниот градоначалнаик и политичар од Кина, откако во неговиот дом пронајдено е куп злато.

13,5 тони чисто злато се пронајдени во подрумот на куќата на политичарот на Жанг Ки во кинеската провинција Хаинан.

Покрај огромните количини на злато, полицијата пронашла уште и милиони јуани во готовина, антиквитети и извештаи за поседување бројни луксузни недвижности, пренесува Russia Today повикувајќи се на локалните медиуми.

Во Кина, политичарите можат да бидат осудени на смртна казна за „економски злосторства“ и корупција. Како политичарот успеал да дојде до овие количини на злато, најверојатно ќе остане мистерија за јавноста, освен за кинеското правосудство.

Embedded video