ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МОСКВА: Пет лица загинале, меѓу нив четири деца

0
122

Пет лица, меѓу кои четири деца, загинале во понеделникот во пожар кој избил во една станбена зграда во Волоколамск, област во Москва.

Во пожарот, кој избил на прв спрт, три лица се повредени, соопштила агенцијата Тас во регионалното министерство за вонредни ситуации.

Меѓу загинатите била 30-годишна жена и нејзиното тригодишно дете додека се обидувале да побегнат, но се загушиле од чадот.