Детали за престрелката во Гази Баба: Со „Голф“ го оставиле повредениот пред болница и избегале

0
126

Вооружена престрелка се случи попладнево на улицата Ордан Чопела, кога според неофицијални информации две групи пукале со автоматско оружје, дознава Алфа телевизија.

Според неофицијалните информации на Алфа повреденото лице Б.Б. со возило Голф 4 со црна боја било оставено во Градската болница, а автомобилот веднаш избегал од лице место.

Полицијата неофицијално привела едно лице, а по двајца се трага.