Државните претпријатија, најголеми должници

0
132

УЈП ја објави 10-та по ред за оваа година листа на неплаќачи на давачките кон државата, а на неа се најдоа голем број јавни претпријатија, како на пример Македонската радио телевизија, ЈП за одржување на патиштата, Железница, потоа комунални претпријатија на неколку општини. Тука е и фирмата на Сеат Кочан „Трансмет“, која е во стечај, а не изостана и името на тутунскиот бос Бајруш Сејдиу.

На листата се најдоа вкупно 1.995 фирми, или 16 повеќе од претходно, и 2.520 физички лица, 66 помалку од минатиот месец.

Управата за јавни приходи објави дека вкупниот долг за разни даноци, царини и придонеси изнесува 10.114.683.435 денари, што за разлика од претходната листа е помалку за 84.458.111 денари.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).