Заев за Груби: Лупа глупости; Груби за Заев: Зборува за него самиот

0
130

Коментирајќи ја изјавата на Артан Груби, кој препораките на Венецијанска комисија за Законот за јазиците ги коментираше со изјавата: „Мирот нема цена“, премиерот Зоран Заев денеска изјави дека „понекогаш ние политичарите знаеме да лупаме глупости“.

Груби реагираше дека карактеристика на премиерот е да згреши па да се извини.

„Изјавата на премиерот е во врска со него самиот, бидејќи тој често знае и да побара прошка. Јас сметам дека тоа е една од карактеристиките на премиерот. Што се однесува до законот за употреба на јазиците, предлог верзијата на Венецијанската комисија предвидува употреба на јазикот и во парите и униформата на војската. Не можеме да ја гледаме по делчиња, бидејќи се уште не е финално“, изјави Груби.