ФБИ го прогласи најмасовниот сериски убиец во САД: Признал дека убил 93 жени низ цела Америка!

0
147

ФБИ објави дека Семјуел Литл е најлошиот сериски убиец во американската историја.
Серискиот убиец 79 годишниот Семјуел Литл минатата година почна да соработува со полицајците во Америка и признал дека убил 93 жени низ цела Америка, меѓу 1970 и 2005 година.

Убиецот е поранешен боксер, кој пораснал во Охајо. Самјуел Литл, Американец на издржување на три доживотни казни затвор, се изјасни за виновен за 93 убиства. Неговите жртви биле исклучиво жени, претежно црни жени, проститутки и зависнички од дрога.

Полицијата тврди дека сите негови признанија се веродостојни, и отворија веб-страница на која може да се видат видеа од признанието на убиецот во кој се опишани убиствата чии жртви се уште не се идентификувани.

Повеќето од жртвите биле задавени. „Многу години Семјуел Литл верувал дека нема да биде фатен затоа што сметал дека никој не ги евидентира неговите жртви“, вели ФБИ во соопштение за медиумите.

„И покрај тоа што тој веќе е во затвор, ФБИ смета дека е важно да се побара правда за секоја жртва – да се затвори секој можен случај“.

Неговата мајка била „дама на ноќта“, како што ја опишал и се верува дека тој е роден во ќелија за време на едно од многуте апсења на неговата мајка. Го воспитала неговата баба, а единствено што го знаел е борба и опстанок.